| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците првпат добија советник во Подградец

подградец2

По историската изборна победа во општина Пустец, единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, прокнижи уште еден успех на неделните локални избори.

По првпат партијата доби советничко место во општина Подградец. Советник во Советот на општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците, ќе биде Јован Шкмби. Советничката листа освоила 563 гласови.

Советник МАЕИ освои и во општина Малиќ, кај Корча. Тоа е Кичо Мујо. Советничката листа таму освоила 498 гласови.

МАЕИ обезбеди мнозинство во 15-члениот Совет на општина Пустрец, каде што има осум советници, додека по третпат довербата за градоначалник му беше дадена на Едмонд Темелко со максимални 80 отсто од гласовите.

Победата Македонците, освен со големата прослава на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ја прославија и во Туминец, а со прослави ќе продолжат и во други населени места со Македонци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top