| четврток, 6 декември 2018 |

Дипломски испит на студентите по актерска игра на сцената на МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар в петок, на 26 јуни со почеток во 18 и 21 часот ќе се одржи дипломски испит на студентите по актерска игра од ФДУ во класата на Мими Таневска.

Kultura-2013-Otvaranje-na-Star-nov-dramski-teatar-21

Студентите Тони Денковски, Горан Ников, Виктор Арсов, Илија Волчески, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Вујисиќ, Талија Настовска, Симона Димовска и Димитрина Мицкоска ќе дипломираат со изведба на претставата „Златниот змеј“ од авторот Роланд Шимелфенинг.

„МНТ, како и секогаш, излегува в пресрет на потребите на студентите од приватните и државните универзитети и ги отвора вратите за сите тие што се заинтересирани да бидат присутни на овој настан“, се вели во соопштението од националниот театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top