На малата сцена на Македонскиот народен театар в петок, на 26 јуни со почеток во 18 и 21 часот ќе се одржи дипломски испит на студентите по актерска игра од ФДУ во класата на Мими Таневска.
Студентите Тони Денковски, Горан Ников, Виктор Арсов, Илија Волчески, Ненад Анѓелковиќ, Стефан Вујисиќ, Талија Настовска, Симона Димовска и Димитрина Мицкоска ќе дипломираат со изведба на претставата „Златниот змеј“ од авторот Роланд Шимелфенинг.
„МНТ, како и секогаш, излегува в пресрет на потребите на студентите од приватните и државните универзитети и ги отвора вратите за сите тие што се заинтересирани да бидат присутни на овој настан“, се вели во соопштението од националниот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“



