Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж синоќа на француска телевизија изјави дека е време европските влади да преземат легална акција во врска со американското прислушување по обелоденувањето на документи што откриваат дека Вашингтон прислушувал тројца францски претседатели.
Асанж ја повика Франција да преземе водство и да почне парламентарна истрага за активностите на странското шпионирање. Тој додал дека следуваат и други значајни откритија.
Францускиот претседател Франсоа Оланд претходно соопшти дека разговарал со претседателот на САД Барак Обама за наводите за американското прислушкување и дека Обама го повторил ветувањето дека ќе престанат со тактиките за шпионирање кои се „неприфатливи меѓу сојузниците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.