Има случаи во кои разводот на бракот е неизбежен. Понекогаш е и морално нужен, кога се работи за тоа послабиот сопружник или децата да се извлечат од претешките рани предизвикани од препотенција, насилство, отуѓеност или рамнодушност, изјави Папата Франциск во средата на аудиенцијата на плоштадот „Свети Петар“.
Не треба да се заборави дека Католичката црква отсекогаш признавала сопружниците да живеат одвоено кога животот станува невозможен или опасен, но не го признавала и разводот.
Папата денешниот говор го посветил на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.