Српскиот пејач Владо Георгиев синоќа одржа три хуманитарни концети за помош на познатата писателка Исидора Бјелица, која по вторпат се бори со ракот.
Синоќа Георгиев трипати го наполни Домот на младите во Белград со концерти од 20, 22 и 24 часот. Сите средства собрани од картите ќе бидат донирани за лекувањето на легендарната писателка.
Пред повеќе од една година на Исидора Бјелица и беше дијагностициран рак. По само еден месец од операцијата, во која и беа отстранети јајниците, матката и перитонеумот, на четириесет и седумгодишната авторка повторно и се влоши состојбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.