| четврток, 6 декември 2018 |

Нов шпионски скандал: Претседателите на Франција прислушувани од НСА, Оланд свика итен состанок

spionaza francijaПретседателот  на Франција Франсоа Оланд повикал итен состанок на Советот за безбедност за утрово по објавените информации од страна на „Викиликс“ дека американски шпиони ги прислушувале тројцата претседатели на Франција едноподруго во периодот од 2006 до 2012 година. Според документите на „Викиликс“ објавени вчера попладне, телефонските разговори на француските лидери биле прислушувани и снимани.

Според францускиот весник „Либерасион“ и истражувачиот веб-сајт „Медиапарт“, документите имале знак „строго довоерливи“ и биле дел од досието наречено „Шпионажа Елисеј“. Во досието имало снимени разговори од претседателот Жак Ширак, неговиот наследник Никола Саркози и актуелниот Франсоа Оланд избран во 2012 година.

Прислушувањето било извршено од службите на НСА.

liberation-spioniranje

Според француските медиуми, снимките се чист доказ дека Американците ги прислушуваат државите што ги сметаат за сојузници. Документите на „Викилик“с сугерираат дека освен претседателите, цел на прислушување на американските шпиони биле и француските министри од владата, како и амбасадорот на Франција во САД.

Снимките содржат разговори меѓу француските владини службеници за глобалната финансиска криза, за иднината на ЕУ, за односите меѓу администрацијата на Оланд и владата на Меркел,како и за разликите меѓу Франција и САД во врска со претходното шпионирање на Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top