| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удрил девојче во Белград, минувачите го претепале возачот и неговиот совозач

поли
На девојчето налетал автомобил, а поради ударот детето на момент ја изгубило свеста.

14-годишно девојче вечерва било тешко повредено во сообраќајна несреќа во Бољевци, пишува српски Телеграф.
Како што пренесува српски Телеграф, на неа налетал автомобил, а девојчето на момент ја изгубило свеста.
Собраните мештани, вознемирени од тој настан, го претепале возачот на автомобилот, како и жената која била негов совозач.
Екипата од Итна помош го одвеле девојчето во Ургентен центар. Таа имала повреди на главата и била дезориентирана и не се сеќавала на моментот кога ја удрил автомобилот.
Возачот и жената која му била совозач, поради повредите кои им ги нанеле мештаните, докторите ги одвеле во Земунска болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top