Повеќе од три милиони луѓе се раселени од почетокот на 2014 година во Ирак по судирите поврзани со Исламска држава, соопшти Меѓународната организација за имигранти.
Вкупно 3.087.372 луѓе според ИОМ се раселени од кои 250 илјади неодамна од Рамади освоен од Исламска држава во минатиот месец.
Повеќе од 2,6 милиони раселени луѓе се од покраините Ал Анбар, Нинивиа и Салехидине западно и северно од Багдад и средиштата на острите борби меѓу ИД и провладините сили. Раселените луѓе воглавно се упатиле кон ирачки Курдистан, во регионот Багдад и на југ во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.