Времето утре во Македонија претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната до 26 до 32 степени.
Во Скопје претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Повремен дожд ќе има и во текот на ноќта. Утринската температура до 11, а дневната ќе достигне до 29 степени.
Слаби врнежи ќе има и во четврток претпладне, а попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, вдолж Повардарието на моменти засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање. Во петок ќе преовладува претежно стабилно време со умерен северен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.