| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Наместо да ме китат со ордени, ме судат

Vlado-Buckovski-3

Час и половина поранешниот министер за одбрана и премиер на Република Македонија, д-р Владо Бучковски, зборуваше во судница изнесувајќи го почетокот од неговите завршни зборови за случајот „Тенковски делови“, пренесува репортерот на „Нова Македонија“.

Судењето трае шест години, а се одржаа 128 рочишта. Се сменија две судијки, имаше една пресуда што Апелацискиот суд ја укина и сега повторно се чека првостепена пресуда.

Зборувањето на Бучковски првпат откако е влезен во судница за ова дело беше многу емотивно. Се пожали дека е болен, но и многу разочаран оти државата води против него, како што го нарече, политички монтиран процес. Но, најголемата мака му е што тенковите за кои набавувал делови ги користел за одбрана на Гостивар токму од водачот на тогашната ОНА, актуелниот министер за одбрана Талат Џафери.
– Сите припадници на ОНА се амнестирани, Тарчуловски ќе се врати, само јас ќе одговарам. Кога командантот на 116-та бригада сакаше да влезе во Гостивар, оние што го спречија се соочуваат со обвинение, а тој е министер. Јас сум најзаслужниот што немаше крвава граѓанска војна во Македонија. Наместо да ме китат со ордени, ме судат – ја почна одбраната Бучковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top