| четврток, 6 декември 2018 |

Пријавување за субвенции за добивање ознака „национален ресторан – меана“

hrana-i-vino-520x339Угостителските објекти заинтересирани да добијат субвенции за ознака „национален ресторан – меана“ може да се пријават до 30 септември годинава.

Огласот за добивање субвенции го објави Министерството за економија, а вредноста на повикот е 1.000.000 денари.

Субвенционирањето на угостителските објекти за добивање на ознаката се врши преку кофинансирање 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари кои ќе се направат за набавка на опрема, алати и инвентар, печатење промотивен материјал, учество на обуки, семинари и презентации, уредување или подобрување на деловниот простор.

Средствата не може да се користат за набавка на потрошен материјал и возила, закупнина за деловен простор, платен ДДВ за трошоците за кои се бара кофинансирањето, како и за царина за трошоците.

Ќе се земат предвид трошоците направени во периодот од 1 јануари 2015 година до крајниот рок на аплицирање.

Изборот на пристигнатите барањата ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликацијата, до исцрпување на средствата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top