Американската агенција за истражување на вселената ги објави првите фотографии на Плутон и неговиот најголем сателит. Квалитетот на фотографиите, за жал, не е на задоволително ниво, но НАСА ветува дека најдоброто допрва следува.
НАСА собра голем број фотографии во текот на мисијата „Њу хорајзонс“ додека се приближувала кон ледената џуџеста планета, се наведува на блогот на мисијата.
Серијата фотографии се направени во текот на пет дена во три бои: сина, црвена и приближно инфрацрвена. Потоа тие се споени за да се направат две снимки кои се повторуваат, на кои се гледаат Плутон и неговиот најголем стаелит Харон.
Плутен е џуџеста планета, шест пати помала од Земјата, што е и причина поради која е исклучена од списокот на „вистински“ планети на Сончевиот систем во 2006 година кога е ревидирана дефиницијата за „планета“.
Сепак, таа орбитира околу Сонцето и една е од најголемите небесни тела во Којперовиот појас – област во форма на диск зад планетата Нептун која содржи голем број мали тела кои главно се составени од мраз.
Плутон има пет познати сателити. Најголемата Плутонова месечина Харон повремено го викаат и Плутонова „планета близначка“ тие имаат синхрона ротација, секогаш со исти страни свртени една кон друга околу заедничкиот центар на гравитацијата и заедно кружат околу Сонцето, а им се потребни околу 247 години да го заобиколат.
– Многу е возбудливо да се видат Плутон и Харон во движење и во боја – изјави лидерот на експедицијата Алан Стерн.
– Дури и во ваква лоша резолуција може да се види дека Плутон и Харон се со различни бои. Плутон со беж-портокалова, додека Харон сив. Зошто тие се толку различни е повод за дискусија, ги пренесува блогот зборовите на Стерн.
Резолуцијата ќе биде сѐ подобра, ветуваат специјалистите на НАСА, како што вселенското летало „Њу хорајзонс“ сѐ повеќе ќе се доближува до Плутон. Тие би требало да дојдат на оддалеченост од 12.500 километри од површината на 14 јули оваа година.
„Њу хорајзонс“ е прва мисија кон Плутон во историјата. Водена е од Лабораторијата за применета физика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)