Јапонскиот премиер Шинѕо Абе се соочи со гневот на пацифистите за време на одбележувањето на 70-годишнината од крајот на битката за Окинава, една од најкрвавите битки во Тихи Океан за време на Втората светска војна.
Церемонијата се одржа во меморијалниот парк Итоман на архипелагот Окинава, а присуствуваа 5.000 луѓе, меѓу кои и амбасадорот на САД, Керлајн Кенеди.
Обраќањето на Абе беше прекинато од пацифистите, кои се непријателски расположени кон американското воено присуство на Окинава.
Окинава е окупирана од Американците по Втората светска војна, а архипелагот му беше вратен на Токио во 1972 година. На Окинава се распоредени повеќе од половината од 47.000 американски војници во Јапонија, како и голем контингент на воената морнарица.
Церемонијата се одржа во Итоман, во близина каде што беше извршено колективно самоубиство на војниците на јапонската царска армија, за да не бидат заробени од војската на САД.
Преживеаните од битката за Окинава и пацифистите се лути на премиерот Абе бидејќи сака да го смени Уставот со што Јапонија ќе може повторно да војува.
До 1879 година Окинава беше суверена држава, а нејзинитре жители не се сметаа за Јапонци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.