| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување на наградата „Даница Ручигај“ на поетесата Елена Пренџова

Во Друштвото на писателите на Македонија на поетесата Елена Пренџова ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка, членка на Македонската писателска асоцијација.

Наградата на Елена Пренџова која за стихозбирката „Политички коректна поезија“, објавена во издание на „Матица македонска“, ќе ѝ биде доделена во вторник, 23 јуни, во 12 часот.

На свеченоста во ДПМ за творештвото на Елена Пренџова ќе зборуваат Санде Стојчевски, Марина Мијаковска и координаторката на Клубот на писателките, членки на ДПМ, Мирјана Стојановска.

Доделувањето на наградата е дел од активностите на Клубот на писателките, членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај.

Признанието годинава се доделува првпат. Во образложението, селекторот за доделување на наградата „Даница Ручигај“, поетот и литературен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, пишува: „Творечките особености и квалитети во новата поетска книга на Елена Пренџова ја зацврстуваат оваа суптилна и бескомпромисна поетеса во редот на најосведочените лиричарки што ја красат нашата поезија, од кои едно од првите места ѝ припаѓа на незаборавната Даница Ручигај“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top