| четврток, 6 декември 2018 |

Солистите на МОБ гостуваат на „Дубровнички летни игри“

Солистичка екипа на Македонската опера и балет во рамките на фестивалот „Дубровнички летни игри 2015“ ќе одржи концерт на сцени и арии од операта „Кармен“ од Жорж Бизе.

Во солистички ролји ќе настапат: Ирена Кавкалевска-мецосопран (Кармен); Зоран Сотиров-тенор (Дон Хозе) Сандра Митровска-сопран (Микаела); Марјан Јованоски-баритон (Ескамилјо) Катерина Стојановска-сопран (Фраскита); Марика Поповиќ-мецосопран (Мерцедес) Дејан Стоев-тенор (Ремендадо) и Драган Ампов-баритон (Данкаиро).

Солистите ќе ги придружува Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е Томислав Фаќини.

Концертот ќе се одржи во вторник, 23 јуни, во Кнежевиот дворец во Дубровник, со почеток во 21 часот.

Овој настан е реализиран во соработка на министерствата за култура на Хрватска и Македонија, како и на Македонската опера и балет и фестивалот, „Дубровнички летни игри“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top