| четврток, 6 декември 2018 |

МЕРС се шири во Јужна Кореја

Hong Kong Airport MERS test Здравствените власти на Јужна Кореја соопштија дека вчера, понеделникот, вечерта во болниците во Сеул се дијагностицирани три нови случаи заразени со смртоносниот вирус МЕРС. Двајца од порано заболените починале, со што бројот на жртвите се искачи на 29. Најмногу сомнителни случаи, 5.930, што беа држени под карантин се регистрирани минатиот четврток.

Dr Margaret Chan, DGeneral WHOНајмногу поради ненавремено преземените мерки за безбедност на персоналот во болниците, од вкупниот број пациенти за кои е утврдено дека се заразени со МЕРС, смртоносниот вирус ги нападнал 84 од вкупниот број на 172 заразени. Во досегашната непријатна статистика од епидемијата со МЕРС се и податоците дека до вчера вирусот нападнал 33 медицински работници, најмногу лекари и медицински сестри кои контактирале со заболените, без соодветна заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top