| четврток, 6 декември 2018 |

Богов: Македонскиот банкарски систем е стабилен

­ Македонскиот банкарски систем е стабилен и може без поголеми последици да ги издржи ударите од можната криза во еврозоната, констатира гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, на денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов во Охрид.

На средбата, како што информира Кабинетот на претседателот, е разговарано за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз Македонија.

Гувернерот Богов го информира претседателот Иванов за преземените мерки и активности на Народна банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната.

Двајцата соговорници контатираа дека Народна банка претставува стабилна институција која досега покажала капацитет во постигнување финансиска стабилност и одржување сигурен и стабилен банкарски систем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top