| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија: Возач со автомобил намерно удрил во толпа и убил најмалку три лица

Возач на теренско возило денеска намерно удрил во толпа на луѓе во австрискиот град Грац по што најмалку три лица загинаа, а над 30 луѓе се повредени, јавија чешките медиуми. Полицијата соопшти дека возачот бил уапсен.

masakar2

Очевидци тврдат дека возачот возел со брзина од 100-150 километри на час во центарот на вториот по големина австриски град кога удрил во луѓето.

Иако надлежните не соопштија колку жртви има медиумите јавуваат дека загинале две жени и седумгодишно дете.

Дел од медиумите информираат дека сторителот е 26-годишен Австриец од босанско потекло, кој делувал дезориентирано и можно е да бил нервно растроен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top