| четврток, 6 декември 2018 |

Белгиската полиција уби осомничен терорист

 Белгиската полиција уби осомничен терорист од алжирско потекло во престрелка што се случила вчера на автопат во близина на Брисел.

Идентитетот на загинатиот сѐ уште не е соопштен, но познато е дека бил осомничен за учество во тежок криминал. Тој бил осомничен за соучесништво во вооружен грабеж, изведен пред една недела во белгиската престолнина.

Во неговиот дом, во еден од имигрантските квартови во Брисел, биле пронајдени експлозиви и оружје.

Осомничениот требало да биде уапсен вчера по наредба на обвинителството, но на предупредувањата на полицијата да го запре возилото по автопатот што водел од Турне кон Брисел, тој се дал во бегство. Го завртел автомобилот во спротивната насока и почнал да пука кон униформираните полицајци. Во престрелката што следела тој бил убиен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top