Триесетгодишниот Марко Миховски од Штип е еден од ретките млади луѓе кој својата перспектива ја гледа во пчеларството. Пчелниот отров за потребите на фармацевтската индустрија е неговата оргинална идеја за која добил неповратна финансиска поддршка од државата во висина од 10.000 евра, пренесува Алфа ТВ.
Лековитите својства на матичниот млеч се добро познати кај народот, а Миховски планира од својот пчлеларник да направи атракција каде што секој добронамерник на лице место ке може да го видии да се запознае со својствата на матичниот млеч. Овој триесетгодишен земјоделски инжинер е еден од седумте млади луѓе од штипско кои сакаат да започнат земјоделски бизнис. Во наредниот период Миховски планира да го зголеми бројот на пчелни семејства и органското пчеларење да стане нивен семеен бизнис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Ако сте пушач, три капки од ова масло ќе направат чуда за вашите бели дробови
-
Го пиеме скоро секој ден: Овој лек е опасен за жените