| четврток, 6 декември 2018 |

Турските власти уапсија три лица со радиоактивен материјал

радиоТурските власти уапсија двајца Грузијци, кои се обиделе да влезат во Турција со радиоактивни материјали, вклучително цезиум, јави Анадолија. Турската државна агенција соопшти дека жена на 43 годишна возраст и маж на 40 годишна возраст се уапсени денеска на граничен премин во Североистична Турција. Тие се обиделе пеш да влезат од Грузија и се однесувале сомнително. По проверката кај нив биле откриени 1,2 килограми цезиум.

Властите подоцна уапсиле и еден 60-годишен Турчин и тројцата се изнесени пред суд, а материјалот е предаден на турскиот совет за атомска енергија.

Цезиум-137 е силен радиоактивен материјал што е отпаден производ од работата на атомските реактори. Тој се користи за научни цели, но може да се употреби за изработка на „валкани бомби“ од страна на терористи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top