Турските власти уапсија двајца Грузијци, кои се обиделе да влезат во Турција со радиоактивни материјали, вклучително цезиум, јави Анадолија. Турската државна агенција соопшти дека жена на 43 годишна возраст и маж на 40 годишна возраст се уапсени денеска на граничен премин во Североистична Турција. Тие се обиделе пеш да влезат од Грузија и се однесувале сомнително. По проверката кај нив биле откриени 1,2 килограми цезиум.
Властите подоцна уапсиле и еден 60-годишен Турчин и тројцата се изнесени пред суд, а материјалот е предаден на турскиот совет за атомска енергија.
Цезиум-137 е силен радиоактивен материјал што е отпаден производ од работата на атомските реактори. Тој се користи за научни цели, но може да се употреби за изработка на „валкани бомби“ од страна на терористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.