| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас: Европа не треба да се гледа себе си како „папокот на светот“

tsipras st pet_0Европа не треба да се гледа себе си како „папокот на Земјата“, и треба да разбере дека центарот на светскиот економски развој се наоѓа во други региони, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќање на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

– Светот се разликува од она, што бил досега. Ние во Европа имавме илузија во тек на долго време, дека сме папокот на светот во буквална смисла, дека сме центар на светот и продолжувавме да гледаме и да сметаме само на нашето најблиско, непосредно опкружување. Но, економскиот центар на планетата веќе се преместил, и новопојавените сили играат се поважна улога на економско и геополитичко ниво, истакна Ципрас.

Тој истакна дека улогата на Русија во светот се зголемува.

– Улогата на Г-8, зголемувањето на значајноста на процедурите за регионална соработка во рамки на земјите од групата БРИКС се сведоци за обновен нов економски свет, истакна Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top