Најмалку 41 лице загина, а 12 се борат за живот по труење од илегално произведен алкохол во сиромашен дел на индискиот бизнис центар Мумбај, соопшти денеска локалната полиција.
Полицијата соопшти дека лицата починале ден откако пиеле отровен алкохол во сиромашен кварт на Мумбај.
Над 24 лица се наоѓаат на лекување во болница.
Полицијата уапси маж под обвинение за илегално производство и продажба на отровен алкохол за сиромашни работници во сиромашен кварт.
Трагични случаи од труење со алкохол во Индија се чести, бидејќи сиромашните не можат да си дозволат лиценциран алкохол, а илегалното производство чест вклучува и хемикалии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.