ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја оспоруваат победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, и бараат прегласување во седум избирачки места, каде што биле регистрирани бројни изборни нерегуларности. Според информации на „Дневник“, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за поддршка на Благоја Деспотовски во Kичево вчера поднела приговори за седум избирачки места со кои може да се доведе во прашање победата на Дехари.
На вчерашниот состанок во Кичево, премиерот Груевски и тамошното членство на партијата разговарале за можностите да се оспори гласањето во некои избирачки места, но и за политички последици од таквите приговори со коалицискиот партнер ДУИ. Според „Дневник“, спорни се четири избирачки места во Осломеј, две во Зајас и едно во Kичево, каде што постоеле докази за групно и семејно гласање. Според процените, гласовите од овие избирачки места може да влијаат врз конечните резултати.
Претседателката на Општинската изборна комисија, Љтифе Бајрами, вчера потврдила за „Дневник“ дека се поднесени приговори од коалицијата за Деспотовски, но не кажала за кои избирачки места се однесувале приговорите. Дали ќе бидат прифатени ќе се знае за 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата