| четврток, 6 декември 2018 |

Стариот чун – симболот на Охрид, повторно заплови во езерото

Пред еден век чу­но­ви­те би­ле единс­тве­но­то пре­воз­но средс­тво, но под на­ле­тот на но­во­то вре­ме се по­ја­ви­ја кај­чи­ња и гли­се­ри

Во во­ди­те на Охрид­ско Eзе­ро во пло­вид­ба проб­но бе­ше пу­штен ре­кон­стру­и­ра­ни­от охрид­ски ри­бар­ски чун. Ар­хи­тект на чу­нот е Го­ран Пат­чев, кој ве­ли де­ка ре­кон­струк­ци­ја­та е из­вр­ше­на со по­мош на до­на­ции, а во рам­ки­те на про­е­ктот „Вра­ќа­ње на се­ќа­ва­ња­та на ста­ри­от охрид­ски чун“. Охрид­ски­от чун отка­ко ку­со пло­ве­ше по езе­ро­то бе­ше сме­стен во ла­пи­да­ри­у­мот на спо­мен-ку­ќа­та на Ро­бев­ци.

– Ре­кон­струк­ци­ја­та се из­вр­ши со по­мош на до­на­ци­ја од „Кул­тур­но нас­ледс­тво без гра­ни­ци“, „Бал­кан­ска­та му­зеј­ска мре­жа“ и фон­да­ци­ја­та „Ста­врос Ни­ар­кос“, кои до­ни­раа 5.000 евра – ве­ли ар­хи­те­ктот Го­ран Пат­чев.

reportaza145-7

Чу­нот го изра­бо­тил сто­ла­рот Го­ран Ди­мо­ски, а за изра­бо­т­ка­та упо­тре­бил бел бор, ка­ко што пра­ве­ле не­ко­гаш ста­ри­те мај­сто­ри.

– Ди­мен­зи­и­те се зе­ме­ни од ори­ги­нал­ни­от рас­ту­рен чун, а оста­то­ци­те, исто та­ка, ќе би­дат пре­зен­ти­ра­ни – до­да­ва Пат­чев.

reportaza145-2

Со по­мош на здру­же­ни­е­то на во­за­чи чу­нот бе­ше до­не­сен до езе­ро­то, а ка­ја­кар­ски­от клуб по­мог­на во вес­ла­ње­то. Со ре­кон­струк­ци­ја­та на чу­нот се за­вр­шу­ва про­е­ктот „Вра­ќа­ње на се­ќа­ва­ња­та на ста­ри­от охрид­ски чун“.

Чу­нот, сим­бо­лот на Охрид­ско Езе­ро, одам­на ис­чез­на од упо­тре­ба. Пред еден век чу­но­ви­те би­ле единс­тве­но­то пре­воз­но средс­тво, но под на­ле­тот на но­во­то вре­ме се по­ја­ви­ја кај­чи­ња и гли­се­ри. Чу­нот до­се­га мо­же­ше да се ви­ди са­мо на ста­ри­те фо­то­гра­фии, но се­га ве­ќе одб­ли­ску ќе мо­же да ви­ди ка­ко, на­ви­сти­на, изг­ле­дал. Не­го го не­ма во се­ќа­ва­ња­та на пом­ла­ди­те ге­не­ра­ции, а по­во­зрас­ни­те охри­ѓа­ни, пак, со но­стал­ги­ја ко­мен­ти­раа зо­што не­ма ба­рем еден чун во езе­ро­то.

– Вре­ме­то не­ми­нов­но но­си но­ви трен­до­ви. Но, жал­но е што не­ма ба­рем еден сим­бол на охрид­ски­от чун што ќе све­до­чи де­ка не­ко­гаш по­сто­ел ту­ка на Са­ра­и­ште и Ј‘но, ве­лат охри­ѓа­ни.

reportaza145-3

Охрид­ски­те чу­но­ви би­ле др­ве­ни, го­ле­ми и ста­бил­ни пло­ви­ла, а се де­ле­ле во три ка­те­го­рии. Го­ле­ми­те слу­же­ле за транс­порт и за тр­го­ви­ја, сред­ни­те за ло­ве­ње ри­ба и ма­ли­те за ше­та­ње и за за­ба­ва. Чу­но­ви се изра­бо­ту­ва­ле од спе­ци­ја­лен бор, кој се но­сел од Ал­ба­ни­ја. Стра­ни­ци­те се изра­бо­ту­ва­ле ток­му од тој бор, кој бил тра­ен и ле­сен, а дру­ги­те де­ло­ви се изра­бо­ту­ва­ле од бу­ка. Поз­на­ти мај­сто­ри што изра­бо­ту­ва­ле чу­но­ви би­ле Арс­лан од Пе­шта­ни и Јон Ка­нев­че од Ка­нео. По­доц­на, нив  ги нас­ле­ди­ле бра­ќа­та Сте­фан и Ни­ко­ла Дим­зо­ви. Чу­но­ви­те се пра­ве­ле на есен, ко­га др­во­то до­бро ќе се ису­ше­ло на лет­но­то сон­це. До­кол­ку  ма­те­ри­ја­лот бил ква­ли­те­тен, двај­ца мај­сто­ри мо­же­ле да го изра­бо­тат чу­нот за шест до се­дум де­на. Чу­нот бил со­ста­вен од не­кол­ку де­ла, но­сот се ви­кал „пред­ни­ца“, зад­ни­от дел „зад­ни­ца“ , а стра­ни­ци­те се ви­ка­ле „ко­ри“. Ко­ри­те има­ле трај­ност и мо­же­ле да из­др­жат и по 30 го­ди­ни, а „ду­ше­ме­то“ или по­дот би­ло бу­ко­во и тра­е­ло најм­но­гу шест-се­дум го­ди­ни. По­тоа се по­пра­ва­ло и пре­ко­ву­ва­ло. Клин­ци­те по­пу­шта­ле и би­ло за­дол­жи­тел­но да се пре­стег­нат. Со чу­но­ви се тр­гу­ва­ло од Ал­ба­ни­ја и од Стру­га. Во тоа вре­ме има­ло бан­ди што на­па­ѓа­ле и огра­бу­ва­ле по су­во­зем­ни­те па­ти­шта и нај­без­бе­ден на­чин за пре­воз би­ле ток­му чу­но­ви­те.

reportaza145-6

За раз­ли­ка од тр­го­ви­ја­та, ри­ба­ре­ње­то се од­ви­ва­ло на го­ле­ми чу­но­ви со три, че­ти­ри и со пет вес­ла и еден кор­ми­лар од­за­ди. Ед­но до­пол­ни­тел­но вес­ло се ста­ва­ло од­за­ди кај кор­ми­ло­то, за при по­го­ле­ми бра­но­ви чу­нот да би­де ста­би­лен  и да не се пре­вр­ти. Нај­че­сто се ри­ба­ре­ло со два чу­на, а по­доц­на и со три.

Има­ло и чу­но­ви за за­ба­ва. Тие има­ле и ми­ни-со­фи, кои се пре­кри­ва­ле со ки­лим­чи­ња. Со чу­но­ви­те се оде­ло на про­ше­тка до Бил­ја­ни­ни Из­во­ри, Све­ти Сте­фан и Ка­нео. Се прос­ла­ву­ва­ле вер­ски праз­ни­ци, се па­ту­ва­ло на па­на­ѓу­ри до Ка­ли­шта, Св Сте­фан, Све­ти На­ум. Се пра­ве­ле и свад­би. Не­кои по­ста­ри охри­ѓа­ни па­ме­тат де­ка со по не­кол­ку чу­но­ви  се оде­ло по не­ве­ста до Стру­га. Во еден би­ла сме­сте­на му­зи­ка­та, а во дру­ги­те сва­то­ви­те и мла­до­жен­ци­те. Ни­ту вер­ски­те праз­ни­ци не по­ми­ну­ва­ле без чу­но­ви­те, кои све­че­но се укра­су­ва­ле. На Во­ди­ци за­дол­жи­тел­но кр­стот се фр­лал ток­му од чун. Из­бра­ни­от чун се укра­су­вал со зе­ле­ни вен­ци, а на по­ви­со­ко се ста­вал стол на кој сед­ну­вал вла­ди­ка­та.

Тај­фи ри­ба­ри со чу­но­ви до­а­ѓа­ле до Сту­ден­чи­шта. Праз­ну­ва­ле на Пе­тров­ден и на Пав­лов­ден ко­га ри­ба­ри­те не вле­гу­ва­ле в езе­ро. На тие два праз­ни­ка не се ри­ба­ре­ло.

Во ми­на­то­то во Охрид ри­бо­ло­вот бил еден од ос­нов­ни­те на­чи­ни за ег­зи­стен­ци­ја на го­лем број се­мејс­тва и от­ту­ка е уште по­го­ле­ма ра­до­ста што, ко­неч­но, се изра­бо­ти про­то­тип на ста­ри­от охрид­ски чун, кој ќе ги по­тсе­ту­ва ста­ри­те, а пом­ла­ди­те ќе ги на­у­чи за ми­на­ти­те вре­ми­ња, на­ста­ни и на­чин на жи­вот.

reportaza145-4

reportaza145-5

reportaza145-8

 

Пишува: Невена Поповска
(Текст објавен во 145. број на неделникот „Република“, 12.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top