| четврток, 6 декември 2018 |

Што добива, а што губи Македонија?

Во мо­мен­тот ко­га овој текст е пре­да­ден за ле­кто­ри­ра­ње и пе­ча­те­ње, Гр­ци­ја по­втор­но бе­ше во си­ту­а­ци­ја „да се би­де или не“. Грч­ки­от пре­ми­ер ба­ра­ше не­го­ва­та пар­ти­ја да ор­га­ни­зи­ра про­те­сти и на тој на­чин да ги под­др­жи по­зи­ци­и­те што се на­па­ѓа­ат од си­те парт­не­ри во Бри­сел и во нив­ни­те глав­ни гра­до­ви. Ка­ко што ана­ли­зи­ра­ат го­лем дел од најв­ли­ја­тел­ни­те за­пад­ни ме­ди­у­ми, Гр­ци­ја ка­ко ни­ко­гаш по­ра­но е бли­ску до во­ве­ду­ва­ње но­ва драх­ма

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Фран­цу­ски­те прет­став­ни­ци ве­ќе из­ја­ви­ја де­ка единс­тве­ни пос­ле­ди­ци од из­ле­гу­ва­ње на не­ко­ја зем­ја од евро­зо­на­та ќе има са­ма­та зем­ја за­тоа што евро­зо­на­та не мо­же да ја де­ста­би­ли­зи­ра ни­ту ед­на од ма­ли­те еко­но­мии, ка­ко што е грч­ка­та, ко­ја е са­мо око­лу три про­цен­ти од вкуп­на­та еко­но­ми­ја на ЕУ. Гер­ман­ски­от со­ци­јал­де­мо­крат, а се­га прв чо­век на Европ­ски­от пар­ла­мент, Мар­тин Шулц, оти­де уште по­на­та­му. Тој во де­бат­на еми­си­ја на гер­ман­ска­та на­ци­о­нал­на те­ле­ви­зи­ја ре­че де­ка Гр­ци­ја не мо­же да из­ле­зе од евро­зо­на­та а да не из­ле­зе од ЕУ. Со тоа пр­ви­от евро­пар­ла­мен­та­рец, кој, си­гур­но, има до­бри ана­ли­зи од прав­ни­те служ­би на европ­ско­то за­ко­но­дав­ство те­ло, ги рас­чи­сти си­те ди­ле­ми да­ли Гр­ци­ја ќе оста­не во ЕУ ако из­ле­зе од евро­зо­на­та.

Ако на­пу­шта­ње­то на Гр­ци­ја на евро­зо­на­та има огра­ни­че­ни пос­ле­ди­ци за Ма­ке­до­ни­ја, слу­ча­јот со евен­ту­ал­но­ грч­ко на­пу­шта­ње на ЕУ (што за­се­га, се­пак, е са­мо во до­ме­нот на те­о­ри­ја­та) мо­же да до­не­се те­ктон­ски по­ме­сту­ва­ња во од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја. Во ана­ли­за­та тре­ба да се има­ат пред­вид и не­га­тив­ни­те и по­зи­тив­ни­те пос­ле­ди­ци за Ма­ке­до­ни­ја. По­зи­тив­но­то за нас е што до­кол­ку зем­ја­ва ус­пее да ги пре­бро­ди вна­треш­ни­те пре­ви­ра­ња и по­ли­тич­ка­та кри­за што трае ве­ќе три го­ди­ни, без Гр­ци­ја во европ­ски­те ин­сти­ту­ции и во НА­ТО зем­ја­та ќе мо­же да ста­не член­ка на али­јан­са­та и да поч­не пре­го­во­ри за членс­тво во ЕУ. Иа­ко грч­ка­та уло­га во таа си­ту­а­ци­ја би мо­же­ле да ја пре­зе­мат „брат­ски­от“ Ки­пар или „не­при­ја­те­лот на мо­јот не­при­ја­тел“ Бу­га­ри­ја, се­пак ре­чи­си е из­вес­но де­ка без Гр­ци­ја ка­ко дел од ЕУ, Ма­ке­до­ни­ја има се­ри­оз­ни шан­си да го ос­тва­ри сво­јот евро­ат­лант­ски сон и, ко­неч­но, по две и пол де­це­нии тур­бу­лен­ции, да се ста­би­ли­зи­ра.

 

Пос­ле­ди­ци­те се пре­теж­но не­га­тив­ни

Во сце­на­ри­о­то во кое Ати­на ќе се вра­ти на драх­ма­та, по­крај по­е­вти­ну­ва­ње­то на це­ни­те по­ра­ди ло­ши­от имиџ и вред­ност на но­ва­та ва­лу­та, Ма­ке­до­ни­ја ќе тр­пи пре­теж­но не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци. Уште по­дра­ма­тич­но ќе би­де во слу­чај на из­лез од ЕУ. И во оба­та слу­ча­ја вло­ше­на­та вна­треш­на еко­ном­ска и со­ци­јал­на со­стој­ба ќе има­ат ди­рект­но не­га­тив­но вли­ја­ние врз Ма­ке­до­ни­ја. Во слу­чај на чу­до, Ци­прас во име на грч­ки­от на­род да рас­кр­сти со ЕУ, мо­ра да се ан­ти­ци­пи­ра се­ри­оз­но со­ци­јал­но рас­ло­ју­ва­ње и си­ро­ма­шти­ја, ко­ја ќе вли­јае и на еко­ном­ски­те про­це­си во зем­ја­ва. Ва­кво­то сце­на­рио ќе би­де си­лен удар и за грч­ки­те ком­па­нии што ин­ве­сти­ра­ле во Ма­ке­до­ни­ја и што вра­бо­ту­ва­ат ил­јад­ни­ци ма­ке­дон­ски гра­ѓа­ни (грч­ки из­во­ри твр­дат де­ка се ра­бо­ти за по­ве­ќе од 20.000 лу­ѓе што ра­бо­тат во грч­ки фир­ми во зем­ја­ва). Во не­до­стиг од средс­тва за пре­жи­ву­ва­ње на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, не­кои грч­ки ана­ли­ти­ча­ри пред­ви­ду­ва­ат де­ка врз овие фир­ми ќе се вр­ши си­лен при­ти­сок ако по­стои и нај­ма­ла мож­ност сво­јот биз­нис да го вра­тат во ма­тич­на­та зем­ја или ба­рем си­те ад­ми­ни­стра­тив­ни ка­па­ци­те­ти да би­дат ста­ци­о­ни­ра­ни во Гр­ци­ја.

 

Ќе се ос­тва­рат ли за­ка­ни­те на Ка­ме­нос?

Еден од нај­сил­ни­те уда­ри што мо­же да го пре­диз­ви­ка грч­ки­от бан­крот е ре­а­ли­зи­ра­ње на за­ка­на­та на ми­ни­сте­рот за од­бра­на и ли­дер на вла­ди­ни­от ко­а­ли­ци­ски парт­нер Ка­ме­нос, кој нај­а­ви де­ка Гр­ци­ја мо­же да про­пу­шти еден ми­ли­он бе­гал­ци од Бли­ски­от Исток. Ме­ѓу нив, ка­ко што се за­ка­ни ли­де­рот на Не­за­вис­ни Гр­ци, ќе има огро­мен број ис­лам­ски ра­ди­ка­ли, кои ќе мо­жат сло­бод­но да вле­зат во ЕУ. Проб­ле­мот за Ма­ке­до­ни­ја е што, ка­ко што и се­га мо­же да се ви­ди, мар­шру­та­та на овие бе­гал­ци во­ди низ Ма­ке­до­ни­ја. Гр­ци­ја и до­се­га си­сте­мат­ски ги отво­ра сво­и­те гра­ни­ци кон Ма­ке­до­ни­ја за да мо­же да се ос­ло­бо­ди од нив, по што тие вле­гу­ва­ат во зем­ја­ва со на­деж де­ка еден ден пре­ку Ко­со­во и Ср­би­ја ќе вле­зат во Ун­га­ри­ја. Се­пак, со­стој­ба­та ќе би­де мно­гу по­дра­ма­тич­на ако Гр­ци­ја си­сте­мат­ски ги ис­праз­ни сво­и­те при­фат­ни цен­три, ка­ко тој во при­ста­ни­ште­то Па­тра ка­де што има при­фа­ти­ли­шта за сто­ти­на ил­ја­ди бе­гал­ци, пред сѐ од Си­ри­ја, Ирак и од зем­ји­те од МАГ­РЕБ. Ко­га пред три го­ди­ни се­гаш­ни­от ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во Ва­ти­кан Ѕвон­ко Јан­ку­лов­ски пре­ду­пре­ди на оваа опас­ност, ни­кој во зем­ја­ва не ве­ру­ва­ше де­ка ова сце­на­рио е мож­но. Бран од са­мо де­се­ти­на ил­ја­ди бе­гал­ци во Ма­ке­до­ни­ја ќе зна­чи се­ри­о­зен проб­лем за­тоа што ни­ту Ко­со­во ни­ту Ср­би­ја не­ма да са­ка да ги при­фа­ти, а за­се­га не­ма до­го­вор ни­ту ме­ѓу нај­моќ­ни­те член­ки на ЕУ за ова пра­ша­ње. Во нај­до­бра ва­ри­јан­та, проб­ле­мот ќе мо­же да се ре­ши со ор­га­ни­зи­ран тран­зит кон член­ки­те на ЕУ, а во по­ло­ша­та за нас со из­град­ба на кам­по­ви по ур­не­кот на Стен­ко­вец од ко­сов­ска­та кри­за во 1999 го­ди­на. При­тоа Ма­ке­до­ни­ја, по­крај си­сте­мат­ска кон­тро­ла на сто­ти­ци ки­ло­ме­три јуж­на гра­ни­ца, ќе ан­га­жи­ра ил­јад­ни­ци по­ли­цај­ци и дру­ги стру­кту­ри за со­о­чу­ва­ње со ва­ков бе­гал­ски бран.

Де­се­ти­ци ми­ли­о­ни евра, мо­же­би и сто­ти­на не­ма да би­дат до­вол­ни за со­о­чу­ва­ње со овој пре­диз­вик и тоа во си­ту­а­ци­ја ко­га на гло­бал­но ни­во Ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци при Обе­ди­не­ти­те на­ции (УН­ХРЦ) има се­ри­оз­ни проб­ле­ми со фи­нан­си­ра­ње на сво­и­те опе­ра­ции во зем­ји­те по­го­де­ни до вој­ни од ка­де што до­а­ѓа­ат бе­гал­ци­те.

 

Шан­са за ИСИС

Нај­ло­ша­та ва­ри­јан­та е ме­ѓу ви­стин­ски­те бе­гал­ци што тран­зи­ти­ра­ат од Ирак и Си­ри­ја пре­ку Тур­ци­ја и Гр­ци­ја да би­дат ин­фил­три­ра­ни опе­ра­тив­ци на Ис­лам­ска­та др­жа­ва или дру­ги ми­ли­тант­ни мус­ли­ман­ски гру­пи, кои во Ма­ке­до­ни­ја би поч­на­ле те­ро­ри­стич­ки ак­ции во со­дејс­тво со ло­кал­ни под­др­жу­ва­чи за кои е поз­на­то де­ка се актив­ни во Ма­ке­до­ни­ја, Ко­со­во , Ср­би­ја (Сан­џак), Цр­на Го­ра и Ал­ба­ни­ја. Во си­ту­а­ци­ја ко­га ку­ма­нов­ски­от ин­ци­дент по­ка­жа де­ка зем­ји­те од ре­ги­о­нот и по­крај пот­пи­ша­ни­те до­го­во­ри за раз­ме­на на ин­фор­ма­ции не функ­ци­о­ни­ра­ат и ко­га во служ­би­те на си­те зем­ји по­сто­јат „фрак­ции“ што за па­ри или иде­о­ло­ги­ја би им по­мог­на­ле на овие ра­ди­кал­ни те­ро­ри­стич­ки гру­пи, јас­но е де­ка ре­чи­си не­ма од­бра­на од фа­на­ти­ци што во име­то на иде­о­ло­ги­ја­та или ре­ли­ги­ја­та би уби­ва­ле не­ви­ни лу­ѓе.

 

Ќе на­стра­да и по­гра­нич­ни­от биз­нис

Од евен­ту­а­лен грч­ки бан­крот не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци ќе има­ат и сто­ти­на ил­ја­ди лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја што жи­ве­ат во по­гра­нич­ни­те ре­ги­о­ни. По­крај ту­риз­мот и коц­кар­ни­ци­те, ште­та ќе има за сто­ти­ци ма­ли сто­панс­тва и за ил­јад­ни­ци „па­зар­џии“, кои сво­и­те про­из­во­ди им ги про­да­ва­ат на му­ште­рии од Гр­ци­ја. За вре­ме на па­зар­ни де­но­ви во Би­то­ла, на при­мер, ме­ѓу глав­ни­те ку­пу­ва­чи се на­шин­ци или ви­стин­ски Гр­ци дој­де­ни од Ле­рин, Во­ден или од Ко­стур. Пoкрај тоа што мо­жат за по­мал­ку па­ри да дој­дат со ква­ли­тет­ни зем­јо­дел­ски про­из­во­ди, па и ме­со, тие нај­че­сто одат на бер­бер или на пе­ди­кир во не­кои од са­ло­ни­те во ма­ке­дон­ски­те по­гра­нич­ни гра­до­ви.

По­себ­на при­каз­на се за­бар­ски­те и ги­не­ко­ло­шки­те ор­ди­на­ции, кои се пре­пол­ни со па­ци­ен­ти од Гр­ци­ја, ка­де што прег­ле­ди­те се нај­мал­ку три­па­ти по­ска­пи. Спо­ред одре­де­ни ана­ли­зи, до­кол­ку Гр­ци­ја из­ле­зе од евро­зо­на­та и во­ве­де драх­ма, но­ва­та ва­лу­та ќе би­де на ни­во на се­гаш­ни­от курс на бу­гар­ски­от лев, од­нос­но за ед­но евро ќе се до­би­ва­ат две драх­ми. Со ог­лед на тоа што по дол­ги го­ди­ни драх­ма­та ќе мо­ра да има ре­ал­на под­ло­га, а не ка­ко во слу­ча­јот со евро­то, на­ци­о­нал­на­та ва­лу­та да се ба­зи­ра на не­ре­ал­ни из­ве­штаи по­кри­е­ни со кре­ди­ти, се оче­ку­ва про­сеч­на­та пла­та во Гр­ци­ја од се­гаш­ни­те 1.000 евра за 2014 го­ди­на да се на­ма­ли за нај­мал­ку 40 про­цен­ти или да би­де око­лу 600 евра. Па­ра­лел­но се оче­ку­ва на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те на ус­лу­ги­те и на до­маш­ни­те про­из­во­ди, кои би би­ле по­кон­ку­рент­ни на стран­ски­те па­за­ри, а се оче­ку­ва и на­ма­лу­ва­ње на це­ни­те на ту­ри­стич­ки­те ус­лу­ги.

 

(Текст објавен во 145. број на неделникот Република, 12.06.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top