| четврток, 6 декември 2018 |

Стапува во сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон

Граѓаните што планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон.

Стапува во сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави пред неколку дена.

Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати.

Ова ќе им овозможи на граѓаните кои патуваат еднократно во летните месеци да остварат значителни заштеди.

Едномесечниот зелен картон е добредојден за време на туристичката сезона, велат граѓаните.  Ова ќе им биде во полза на лицата кои најчесто патуваат во странство еднаш годишно, и тоа за време на годишните одмори.

Од осигурителните компании оценуваат дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top