| четврток, 6 декември 2018 |

Револуција во фудбалот, покажан првиот зелен картон

zelen-karton

Кристијан Галано од Виченца ќе остане запишан во фудбалската историја како прв играч кој добил зелен картон на еден натпревар. Раководството на Серија Б лигата се реши да воведе зелен картон, но не за казна туку за своевидна награда за ферплеј потег за време на натпреварите.

Галано на натпреварот против Ентела призна дека немало корнер за неговиот тим, сугерирајќи му на судијата да ја смени својата одлука, за што сосема заслужено доби зелен картон.

– Зелениот картон засега го даваме само во втората лига, a наша цел е да ја подигнеме спортската култура и да ја подобриме атмосферата на теренот – изјави Марсело Ники, прв човек на Италијанската Судиска Асоцијација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top