Најтрофејниот клуб во Англија Манчестер Јунајтед сериозно размислува да ги засили редовите со играчи од нападот за следната сезона. Откако одлучи да не го откупи договорот со Фалкао и се погласните шпекулации дека тимот ќе го напушти и Робин Ван Перси, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Луис Ван Гал по ангажирањето на сонародникот од редовите на ПСВ Мемфис Депај, посакува уште еден елитен напаѓач.
Според британските медиуми управата е насочена кон агажирање на бразилскиот репрезентативец и член на Хофенхајм, Роберто Фирмино.
Сепак, за секој случај, Ван Гал има и резервна опција за освежување на нападот, а тоа е Ромелу Лукаку, белгискиот интернационалец од Евертон. Раководните луѓе на Манчестер јунајтед паралелно веќе се распрашуват и за можноста Лукаку да се пресели ова лето на „Олд трафорд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.