Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска гостува во Лазарополе. Дваесет поети од различни генерации денеска напладне ќе настапат во паркот во кој се поставени бисти на основоположникот на современата македонска литература Кочо Рацин, како и на големите македонски писатели, родени во Лазарополе, Анте Поповски и Симон Дракул. На отворањето на манифестацијата ќе зборуваат градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди и претседателот на Друштвото на писателите Веле Смилевски.
Во рамките на годинашниот циклус поетскиот караван на ДПМ гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип. Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, а настапи и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.
Покрај договорената соработка за оваа манифестација со библиотеките во Гевгелија, Куманово и Велес, со Домот на културата „Иван Мазов“ во Кавадарци, со литературните манифестации „Караманови средби“ во Радовиш и „Ганеви денови“ во Кожле, поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица, Демир Хисар и Крушево. Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија


