Рубинот наречен „Зора“ има 25.59 карати и се наоѓа вграден во прстен кој е изработен од познатата француска фирма за скапоцености „Картие“.
Прстенот од рубин кој потекнува од Мјанмар е продаден во Женева за рекордни 28,3 милиони швајцарски франци, со што стана најскапиот рубин продаден на наддавање кога и да е, објави аукциската куќа Sotheby’s.
– Бурманските рубини од оваа големина и боја се извонредно ретки, објави шефот на одделот за скапоцености на Sotheby’s. Каменот оживува како да е осветлен однатре, објави шефот на одделот за скапоцености на Sotheby’s, Дејвид Бенет пред надавањето.
Споменатиот прстен претходно беше проценет на 11,7 до 17,5 милиони франци.
На истата аукција е продаден и прстенот со розов дијамант од 8,72 карата за 14,8 милиони швајцарски франци. Тој ѝ припаѓаше на американската наследничка и филантроп Хјуџет Кларк, којашто почина во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


