Прстенот од рубин кој потекнува од Мјанмар е продаден во Женева за рекордни 28,3 милиони швајцарски франци, со што стана најскапиот рубин продаден на наддавање објави аукциската куќа „Сотби“. Рубинот наречен „Зора“ има 25.59 карати и се наоѓа вграден во прстен кој е изработен од познатата француска фирма за скапоцености „Картие“.
– Бурманските рубини од оваа големина и боја се извонредно ретки – објави шефот на одделот за скапоцености на „Сотби“Дејвид Бенет.
Споменатиот прстен претходно беше проценет на 11,7 до 17,5 милиони франци.
На истата аукција е продаден и прстенот со розов дијамант од 8,72 карата за 14,8 милиони швајцарски франци. Тој ѝ припаѓаше на американската наследничка и филантроп Хјуџет Кларк, којашто почина во 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сите се прашуваа што е: Откриена мистеријата на таинствениот црн прстен на принцот Хари
-
Ставила прстен во чаша и дознала кога ќе се омажи! Дознајте и вие…
-
Приказна која ќе ви разбуди надеж: Што пишувало на прстенот кој ја носел најмоќната порака на светот
-
Колку чини прстенот кој Роналдо ѝ го купи на Георгина?



