| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Велковски се приклучи на подготовките на Вардар

Дарко Велковски е петтото засилување на Вардар во летниот преоден рок, а денеска и тој ќе се приклучи на подготовките на македонскиот шампион во Австрија.

Велковски премина во Вардар од редовите на градскиот ривал Работнички, екипа што ќе добие отштета од 100 илјади евра, а тоа е најголема сума за трансфер на домашен играч.

Пред Велковски, најтрофејниот македонски клуб го засилија Аце Стојков, Бобан Николов, Владица Брдаровски и голманот Филип Гачевски.

Сега „црвено-црните“ ја очекуваат ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите, закажана за 22. јуни.

dare

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top