| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Во 51 општина заврши гласањето, во 29 и Градот Скопје ќе има втор круг гласање

Izbori-14Во 51 општина е завршено гласањето во првиот круг од локалните избори, во 29 општини и Градот Скопје ќе се одржи втор круг гласање, објавени се за сите 80 општини освоените советнички мандати, а за градот Скопје се очекува утре да бидат соопштени мандатите за советници, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.

Сите објавени резултати, потенцира Кондарко, се врз основа на записниците од општинските изборни комисии и се првични и неофицијални. До 19 часот истече законскиот рок за поднесување приговори за повреди на постапката за гласање. Тој потврди дека до архивата на ДИК се пристигнати повеќе стотици приговори од повеќе партии, а најмногу од опозицијата.

На новинарско прашање зошто долго се чекаше на резулатите во општина Центар, претседателот на ДИК одговори дека Општинската изборна комисија во  6 избирачки места правела дополнителни проверки во записниците на избирачките одбори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top