| четврток, 6 декември 2018 |

Соравиа: Работењето на опозицијата наштетува на странските инвеститори

Soravia1_Per_-_Snapshot20090701153712

На денешната средба на македонсакта владина делегација со повеќе стопанственици во Виена, присутните австриски бизнисмени позитивно ги оценија поволностите за инвестиции кои ги овозможува Република Македонија.

Сопственикот на „Соравиа груп“, Хано Соравиа, која веќе е присутна на македонскиот пазар со дел од своите бизниси, изјави дека е задоволен од поддршката која ја добива од македонската Влада.

Инвеститорите имаат добро искуство, инвестициската клима во Македонија е многу добра, луѓето се добро образовани и стопанствениците имаат поддршката од актуелната Влада. Проблемот е што политичкото работење на опозициската партија наштетува на уверувањата и напорите да се инвестира во Македонија. Му благодарам на премиерот Груевски што не поддржува во сите наши инвестициски активности, изјави Хано Соравиа.

DSC_6273

Во Виена денеска беа остварени повеќе средби и претставени можностите за инвестирање во Македонија. Во делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски, беа дел и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Висар Фида, и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони, Виктор Мизо

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top