Истанбулскиот гигант Фенребахче успеа да го доведе во своите редови данскиот репрезентативец Симон Кјаер.
Кјаер е првиот фудбалер кој ги засилува редовите на жолто-црните за следната сезона кои бркаат пласман во Лигата на шампионите преку квалификациите.
Данецот потпиша договор на четири години, а турскиот клуб на сега веќе поранешниот клуб Лил му исплати помеѓу седум и девет милиони евра. Кјаер треба да заработува три милиони по сезона, и затоа неможеше да ја одбие оваа примамлива понуда.
Одличниот стопер екплодира во редовите на Палермо кога беше еден од најбарните фудбалери во светот. Тој се одлучи да се пресели во Волфсбург во 2010 година, но таму не се снајде најдобро па мораше да биде позајмен на Рома. Сепак во последните две години беше стандарден во Лил каде ја оживеа својата кариера каде во францускиот шампионат беше избран во најдобриот тим на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Ќе мора да почека за дебито во Фенер: Елмас во јануари заминува на позајмица?
-
Елмас сепак ќе мора да чека до јануари – Турците не ја уважија одлуката на ФИФА
-
ФИФА даде зелено светло: Фенербахче може да го регистрира Елмас