Властите во грузискиот главен град Тбилиси денеска застрелаа избеган тигар, кој нападна и уби маж, пренесува ТАСС, повикувајќи се на грузиското МВР.
Според грузиските медиуми тигарот претходно повредил уште еден човек.
Избеганиот тигар од поплавената зоолошка во Тбилиси се криел во напуштена фабрика, претворена во магацин. Тигарот го нападнал човекот во близина на зоолошката градина, по што мажот починал од добиените повреди.
Тигарот е убиен во специјална операција на локалните власти. Регионот околу местото на трагичниот инцидент е затворено од полицијата и локалните власти на Тбилиси.
Во поплавите за време на викендот во Тбилиси животот го загубија 17 лица, а петмина се водат за исчезнати. Најтешко погодена беше територијата околу реката Вере, каде се наоѓа и зоолошката. По несреќата голем број животни беа излезени на слобода. Пред несреќата во зоолошката живееле осум лавови, седум тигри и три јагуари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка