| четврток, 6 декември 2018 |

Фалкао ќе го засили Челзи

Англискиот првак постигнал договор со францускиот клуб Монако за едногодишна позајмица на колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао и тој е нов член на Челзи, јавува Скај спортс.

falkao

 

Членот на Монако популарниот Ел тигре имаше очајна сезона во Манчестер Јунајтед каде што исто така беше на едногодишна позајмица, заради што тие се откажаа од целосно откупување на договорот.

Сините од Лондон претходно објавија дека ги договориле личните услови на Колумбиецот, а денеска и официјално е договорена позајмицата со можност за целосен откуп на договорот по завршувањето на сезоната.

Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо вети дека ќе го врати Фалкао на старите патеки кога во Атлетико Мадрид постигна 70 голови за две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top