| четврток, 6 декември 2018 |

Заев не е веќе пријател со Груевски на „Фејсбук“

Лидерот на СДСМ вчеравечер презел стратешка операција во која што го блокирал лидерот на ВМРО – ДПМНЕ на својата Фејсбук страница. Струмичкиот градоначалник во писмена изјава вели дека на тој чекор бил принуден откако неговиот политички ривал не му ставал лајкови на неговите постови и со тоа сакал да прикаже дека не е доволно умен за да може самостојно да води Фејсбук профил.

zajko

 

На најновата криза и предходеа неколку инциденти во кои Груевски ги игнорирал постовите на Заев и ниту еднаш не ги шернал барањата на Заев брат му Вице да биде гувернер на Народната Банка на Македонија барем додека Гувернерот Богов е на одмор.

Во наредниве неколку дена се очекува Заев да блокира уште неколку пријатели на ФБ кои што не ги прифаќаат неговите барања на апликациите Кенди креш и Баблс вич, а во опасност се и неговите соседи на апликацијата Фарминг ин Струмица и Бишкарнико на Делчета кои што не даваат простор за нови инсвестиции.

Предходно Заев го блокираше и еврокомесарот Јоханес Хан кој го измамил во Покер апликацијата. Барам вистината за фејсбук да победи рече Заев во интервјуто дадено за FB Status daily во кое побара сите деца од прво одделение да учат мандарински, а од петто и струмички дијалект.

Војвода Бихачка

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Војвода Бихачка

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top