| четврток, 6 декември 2018 |

Тела на новороденчиња пронајдени во фрижидер

Tела на две новореденчиња биле пронајдени во фрижидер за длабоко замрзнување во домот на една 32 годишна жена во Франција. Во неделата во малото француско градче близок на оваа жена, кој не живее со неа во домот бил вчудоневиден од тоа што го гледа. Веднаш повикал полиција.

При сослушувањето, жената која претходно во 2005 година била осудена за убиство на едно свое новороденче, признала дека бебињата биле родени живи есента 2011, и есента 2012 по што таа ги удавила пред да ги замрзне.

На 28 март 2002 оваа жена тајно се породила и побарала од нејзината мајка да го остави бебето во кеса во една напуштена куќа. Во 2005 беше осудена на казна затвор, по што беше ослободена во декември 2010 година, нејзината мајка тогаш беше осудена на 18 месеци затвор.

Од 2006 година наваму, француската јавност редовно е вознемирувана од вакви грозоморни акти, речиси секоја година се открива тело на едно замрзнато новороденче, односно вкупно десетина афери за само десетина години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top