| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жртва на МЕРС во Германија

Министерството за здравство на германската сојузна држава Долна Саксонија објави дека 65-годишен Германиец заразен со вирусот од блискоисточниот респираторен синдром (MERS) починал во болница.

mers

Пациентот, според соопштението на властите, починал на 6-ти мај од компликации предизвикани со инфекцијата.

Станува збор за првиот смртен случај од MERS во Германија. Се верува дека се заразил во текот на посетата на сточен саем на Арапскиот полуостров, објави министерството. Нема знаци дека некој инфицирал, бидејќи 200-те лица кои биле во контакт со него веќе биле тестирани.

Новиот коронавирус или nCoV – Middle East respiratory syndrome coronavirus – MERS, е од фамилијата вируси од којашто потекна и SARS-от (Severe Acute Respiratory Syndrome – SARS – Тежок акутен респираторен синдром познат и како „атипична пневмонија“), заразна болест која првпат беше откриена во ноември 2002 година во јужниот дел на Кина од кој починаа повеќе од 800 луѓе, а се прошири во 29 држави.

И покрај тоа што имаше релативно мал број случаи регистрирани во светот, опасноста од инфекции и ширење на епидемијата е реална, бидејќи широката светска популација нема стекнато имунитет. Како и SARS-от, и MERS-от и другите слично вируси, може да предизвикаат кашлање, температура и воспаление на белите дробови.

Научниците будно следат за да воочат знаци на мутација на новиот вирус со која тој полесно би се пренесувал на повеќе приматели, како што се случи со SARS-от кој предизвика пандемија.

Експертите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) коишто летото 2013 година престојуваа во Саудиска Арабија оценија дека е можно вирусот да се пренесува од човек на човек, меѓутоа само доколку двете лица се изложени на долготраен контакт. Смртноста од ова заболување достигнува 40 отсто.

 

Извор: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top