Славчо Чадиев, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на општина Велес, изрази задоволство за спроведените локални избори и благодарност за, како што вели, големата поддршка што му беше дадена нему и на неговата политичка партија со освоените 15.110 гласа.
– За мене како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ 15.110-те гласа претставуваат гласови за чесна и посветена работа. Овие гласови се гласови за новите дела, ова се гласови за 117-те нови проекти за Велес. Вака големата поддршка од граѓаните е потврда за позитивниот пристап кој го имавме во текот на изборната кампања. Наша постојана цел е на граѓаните да им ја понудиме визијата за развој и напредок на Велес, преточена во нашата изборна програма – рече Чадиев на денешната прес-конференција.
Тој најави дека во наредниот период, сѐ до вториот круг од локалните избори на 7 април, ќе продолжи со пристапот на директна комуникација со сите граѓани и структури од општеството за да ја побара нивната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и за него како кандидат за градоначалник во вториот круг од изборите.
– Ја барам вашата доверба за искрена и плодна соработка со Советот на Општина Велес во кој мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ. Заедничката соработка, соработката меѓу нас, меѓу општината и Владата ќе донесе подобра иднина за сите – рече Славчо Чадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата