| четврток, 6 декември 2018 |

Крајнодесничарски партии создаваат група во Европарламентот

Крајнодесничарски партии во Европскиот парламент денеска објавија дека собрале доволно поддршка за да создадат политичка група под раководство на францускиот „Национален фронт“ (НФ) на Марин ле Пен.

Чекорот, преземен денеска од НФ, од холандската Партија на слободата, Австриската партија на слободата, италијанската „Северна лига“ и белгиската партија „Влаамс беланг“ (Фламански интерес) ќе им даде поголемо влијание врз законодавната власт во ЕУ. ­

– Среќна сум да го објавам создавањето на групата „Европа на нациите и слободите“, објави Марин ле Пен.

Повеќето партии се претставија добро на европските избори минатата година, но досега не успеаја да создадат единствена група.

За да се создаде парламентарна група во ЕП, неопходни се најмалку 25 пратеници од седум земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top