| четврток, 6 декември 2018 |

Марин Ле Пен формира екстремно десничарска група во Европарламентот

ле пен

Лидерот на францускиот Национален фронт (ФН), Марин Ле Пен соопшти дека формирала политичка група на екстремно десничарски и анти-ЕУ партии во Европскиот парламент.

Во оваа група, покрај француската екстремно десничарска партија, членуваат и унгарската партија Јобик, како и Партијата на слободата на холандскиот десничар Герт Вилдерс.

Соопштено е дека групата ја поддржала и британската европратеничка Џенис Аткинсон, која во март годинава беше исклучена од Партијата за независност на Обединетото кралство (УКИП), затоа што беше осомничена за „нелегално“ користење на пратеничките трошоци.

Засега нема сознание како на создавањето на оваа група ќе реагира антиевропската УКИП, која во Велика Британија води кампања за напушатње на ЕУ.

Според Ле Пен, создавањето на новата група ќе и овозможи на екстремната десница да има поголемо влијание во Европскиот парламент, но за да стане нов парламентарен блок потребно е ФН и сестринските партии да обезбедат минимум 25 европратеници од седум различни земји-членки на ЕУ.

Контроверзниот Холанѓанец, Вилдерс го поздрави создавањето на групата, нарекувајќи го „историски настан“ и „ден Д“ за екстремната десница.

Но, францускиот Национален фронт сепак е помалку еуфоричен, затоа што сега настојува да обезбеди услови за прераснување на групата во партиски блок.

Тоа не е им е важно само за поголемото влијание во европската политика, туку и за обезбедување пристап до европските фондови и сопствен персонал во Парламентот, како и за можноста за почести и подолготрајни настапи во парламентарните дебати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top