| четврток, 6 декември 2018 |

Катастрофален пораз од 0-5, на македонските таленти против БиХ

Младата македонска репрезентација до 21 година, претрпе вистинска катастрофа од 0-5  против БиХ, во Сараево. Босанските надежи беа многу подобри од нашите таленти и забележаа сигурен триумф. Золотиќ и Мешановиќ со по еден гол во првиот дел најавија добар резултат за домаќините, а во вториот дел ни се слуќи вистински фудбалски дебакл. Круниќ, Чајиќ и Граховац, редум ја погодуваа гостинската мрежа за сигурен успех на БиХ од 5-0. Во наашата репрезентација видлива беше недисциплината, па заработивме 5 жолти картони и еден црвен. Исклучен беше Мите Цикарски во второто полувреме. Ова беше втор контролен натпревар за Македонија во последните 5 дена, а претходно во петокот загубивме од Турција со 3-5, повторно нагости. Дури 10 примени погодоци на два натпревари се сигнал за аларм пред стартот на новите квалификации за пласман на ЕП 2015 во Данска. Во групата 8, Македонија ќе ги почне квалификациите против Азербејџан нагости, на 8. јуни. Со овие две селекции во групата се и с илните Португалија, Норвешка и Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top