Кошаркарот на Анадолу Ефес и капитен на српската репрезентација, Ненад Крстиќ ќе мора да паузира шест месеци од терените бидејќи синоќа во натпревар од финалната серија во турскиот шампионат против Пинар Каршијака, доживеа тешка повреда на коленото.
Првите информации од Турција наведуваат дека центарот Крстиќ ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, повреда која мора да следи долга пауза.
Во неговиот клуб никој се уште не сака да ја потврди оваа информација, но се наведува дека денеска ќе биде подложен на детални прегледи пред да се знае тежината на повредата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.