Поранешниот бразилски репрезентативец и член на златната репрезентација од 1958 година и во 1962 година Зито почина синоќа на 82-годишна возраст во својот дом во преградие на Сао Пауло.
Во финалето на СП во Чиле, Зито, во генерацијата на Пеле, постигна и гол против Чехословачка во победата од 3-1. Мина 15 години играјќи во Сантош со кого освои и Копа Либертадорес во 1962 и во 1963 година.
Зито беше еден од најзаслужните за создавањето на ѕвездите како што се Робињо и Нејмар…
– Немам зборови за да опишам каков човек беше тој. Премногу го ценам тоа што го направи за мене… Ти благодарам, Зито – напиша Нејмар на својот профил на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.