| четврток, 6 декември 2018 |

Милан го посакува и „духот од аладиновата ламба“!

Милан веќе ангажираше една голема ѕвезда за следната сезона, со втората договорите се при крај.
Џексон Мартинез е првиот играч штоќе го засили тимот. Тој официјално ќе биде презентиран на „Сан Сиро“ по завршувањето на Копа Америка. Во завршна фаза се преговорите со Кондогбија од Монако, а трансфер-гуруто на „Росоњерите“, Адријано Галијани не застанува тука. Тој покрај започнатите преговори со Борусија Дортмунд за Мац Хумелс, посакува да го доведе и Турчинот од Атлетико Мадрид, Арда Туран.
Покрај овие двајца, првиот оперативец на Милан му дал зелено светло на менаџерот Мино Раиола да се обиде да го врати Златан Ибрахимовиќ во тимот.

Туран има уште две години од договорот со Атлетико Мадрид, но нема да го продолжи договорот со „јорганџиите“. Затоа Диего Симеоне ќе се обиде да го продаде и да заработи голема сума на пари. Турчинот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но Галијани секако ќе се обиде да ја намали таа сума и со помош на моќниот фонд „Дојен спортс“ кој стои зад новиот акционер на тимот, да го доведе во своите редови маѓионичарот кој со своите потези на теренот го споредуваат со „духот од Аладиновата ламба“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top